Поминаа цели пет години откако Шпанската фудбалска асоцијација покрена постапка против Хуго Мало поради сексуално злоставување на маскотата на натпреварот помеѓу Еспањол и Селта во Примера. Капитенот на познатиот клуб од Галиција доби суспензија од Федерацијата, а целиот случај потоа беше префрлен во надлежниот Кривичен суд во Барселона, кој денеска донесе шокантна одлука.
Имено, Хуго Мало е прогласен за виновен за сексуална злоупотреба. Поранешниот шпански репрезентативец беше обвинет дека го допирал лицето кое работело како маскота, а судијата Салвадор Роиг Теједор му изрече парична казна. Мало е должен да плати 1.000 евра отштета за морална штета. Но, тоа не е се.
Асот на грчки Арис ќе треба да плаќа десет евра дневно за неговата условна казна во следните 20 месеци, како и вкупните трошоци на судењето во износ од околу 7.000 евра.
„Обвинетиот со намера да го задоволи либидинското расположение и да го наруши сексуалниот идентитет на жртвата, ги ставил рацете под нејзиниот костим и ги допирал нејзините гради“, се наведува во соопштението на Судот.
Hugo Mallo declarado culpable de ‘abuso sexual’ por tocar los pechos de la empleada del RCD Espanyol que trabajaba como mascota del equipo.
📌Condena de 20 meses, más una multa de 6.000€, más una indemnización de 1.000€ a la víctima, por daño moral. pic.twitter.com/enOELyDkzu
— La cara B del futbol (@lacarabfutbol_) September 12, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА