Шокантна снимка: Украински репрезентативец физички малтретиран во криминално друштво (ВИДЕО)

Неверојатни видео материјали се појавија на интернет поврзани со украинскиот репрезентативец Артим Беседин, и една од најголемите ѕвезди на Динамо Киев.

Украинските медиуми откриваат дека Беседин не ретко е дел од криминални друштва поради што често се наоѓа во непотребни проблеми. Сега се објавени снимки од пред четири години на кои се гледа Беседин со алкохол во рацете опкружен од непријатни момци.

Во еден момент, по вербална расправија, едниот од нив и физички го малтретира Беседин кој, како што пренесуваат украинските медиуми, тогаш по кратко време изгубил привремено свест од ударите.

Се вчитува...