Во борбата на вечерта на синоќешниот втор УФЦ настан за време на пандемијата, Ентони Смит доби застрашувачки повреди.
Смит беше во подредена улога против 40-годишниот Бразилец, Гловер Тешеира, па во еден момент почнаа и да му паѓаат заби од устата, придржувајќи ги во раката. Им се пожали и на тренерите, но тие на крајот од четвртата рунда одлучија да ја продолжи борбата. Неговата мака ја прекина судијата во петтата рунда…
„Зачудувачки е зошто тренерите не сакаат да го спасат својот борец. Тоа беше застрашувачки да се гледа. Не знам кој ку. е со тренерите?“ – беа дел од коментарите на спортските лица во салата во Џексонвил.
Во воведната борба на вечерта, пак, Габриел Бенитез загуби со едногласна одлука од Омар Моралес, но доби спомен за цел живот. Морале му зададе посекотина на подколеницата која долго ќе ја памети…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА