Шокантна вест пристигнува од Аргентина, откако неколку медиуми обелоденија дека Ванда Нара се наоѓа во болница каде и била дијагностицирана леукемија.
Ванда требаше за неколку дена да замине за Европа и да му се приклучи на сопругот Мауро Икарди со кого неодамна ги смири страстите со најавите за развод. Сепак, таа пред два дена се пожалила на силна болка во пределот на стомакот,по што веднаш била хоспитализирана. Според аргентинските медиуми, деталните прегледи донеле шокантни резултати – дека Ванда Нара болува од леукемија.
„Имаме контакти од болницата, а дијагнозата ни беше потврдена и од три различни извори блиски до Ванда. Ќе бидат извршени уште едни прегледи за да се утврди за која фаза на болеста станува збор, но јасно е дека ќе и претстојат третмани за борба со оваа тешка болест“, пишуваат аргентинските медиуми на оваа тема.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА