Шокантна вест од Европската куќа на фудбалот. Дисциплинската комисија на УЕФА донесе одлука да го исфрли Манчестер сити од европските натпреварувања две сезони поради бројните финансиски прекршоци.
По долгогодишните истраги, УЕФА денеска одлучи да изрече казни за Сити поради финансиските малверзации. Покрај двегодишната суспензија од европските натпреварувања, „граѓаните“ добија и парична казна од неверојатни 30 милиони евра!
Долги години наназад „малите“ земји и клубови се жалеа дека УЕФА тренира строгост само врз нив. Ова е прв случај во Европа, фудбалски гигант од рангот на Манчестер сити да добие ваква казна!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

