ШОКАНТНА ВЕСТ: Почина легендарниот Душко Вујошевиќ

Шокатни вести доаѓаат од Белград. На 67-годишна возраст денеска во Белград почина легендарниот кошаркарски тренер, Душко Вујошевиќ.

Вујошевиќ долго време имаше сериозни здравствени проблеми, првенствено со бубрезите, а во 2025 година беше подложен на трансплантација во Белорусија.

Во март оваа година беше примен во болница откако неговото здравје сериозно се влоши поради проблеми со срцето и белите дробови.

Најголем белег во кошарката остави како тренер на Партизан, со кого освои бројни трофеи, а ги водеше и ОКК Белград, Младост Земун, Оксимеша, Црвена звезда, Бреша, Пистоја, Пезаро, Раднички Белград, ЦСКА Москва, Лимож и Клуж, а беше и селектор на Србија и Црна Гора, како и на Босна и Херцеговина.

Се вчитува...