Фудбалската федерација на Македонија ги информира родителите чии деца тренираат во младинските клупски категории дека фудбалската опрема која ФФМ им ја донираше на клубовите е бесплатна. ОПРЕМАТА НЕ СМЕЕ ДА СЕ НАПЛАЌА – информираат од ФФМ.
„Дбивме информации дека одредени клубови им бараат пари на родителите за опремата, што е строго спротивно на условите под кои ФФМ ја додели донацијата. Ве охрабруваме, доколку вашиот клуб побара надомест за опремата, веднаш да пријавите во ФФМ. Ншата цел е младите фудбалери да имаат фер услови за развој и поддршка без дополнителен финансиски товар за родителите“ – порачаа од Фудбалската федерција на Македонија.
ФФМ, како што информираат од Куќата на фудбалот., ќе продолжи да ја следи ситуацијата и ќе реагира соодветно за да ја заштити секоја млада генерација.
На следниот ЛИНК се наведени сите клубови кои ја добија оваа донација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

