Шокантни снимки од нападот врз Карловиќ – Луѓе се обидуваат да му помогнат, додека тој лежи без свест (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер со хрватско потекло Томас Фелипе Карловиќ, кого своевремено Диего Армандо Марадона го прогласи за најдобар во светот им подлегна на повредите откако беше претепан во близина на неговиот дом во Росарио. Шпанска „Марка“ со екслузивна снимка од местото на настанот објави и фотографија веднаш по нападот врз Карловиќ, на која се гледа како луѓе се обидуваат да му помогнат на поранешниот фудбалер кој е без свест.

Карловиќ кариерата ја заврши во 1986 година. Во 1993 година кога Марадона потпиша за Њуелс Олд Бојс изјави дека тој не е најдобриот фудбалер кој играл во овој клуб, туку дека тоа е Томас Фелипе Карловиќ.

Видеото можете да го погледнете на следниот линк.

Се вчитува...