Шокантни сцени од Рим: Хрватски ватерполист шетал гол среде град, па предизвикал сообраќајна несреќа (ФОТО)

Синоќа се случил несекојдневен инцидент во Рим, откако Свен Аугусти (22), хрватскиот ватерполист од Риека, кој летово се пресели од Приморје ЕБ во Лацио, одлучил да се соблече гол и да шета низ градот.

Како што пренесуваат медиумите од Италија, младиот човек се движел потполно гол по „Виа дел Форо Италико“, широка и прометна улица во северниот дел на Рим која води до спортскиот комплекс каде се наоѓа Олимпискиот стадион, базените и седиштето на Италијански олимписки комитет.

Младиот ватерполист наводно се движел среде улица, па учесниците во сообраќајот морале да го избегнуваат, сепак, во тоа не успеал и еден шофер, па сакајќи да го избегне доживеал сообраќајна незгода, а возачот и совозачот на возраст од 22 и 23 години се повредени и однесени во болница.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sven Augusti Santini (@sven.augusti)

 

Се вчитува...