Шокантни сцени: Страшна скршеница на ногата на репрезентативец на Колумбија (ВИДЕО)

Колумбија синоќа славеше против Венецуела со 3-0 во првото коло од квалификациите за Светското првенство. Но, натпреварот го одбележа страшната скршеница на ногата на десниот бек на Колумбија, Сантијаго Ариас во 14. минута од натпреварот.

Ариас беше во дуел со Макизо од спротивната страна по што дојде до „хорор-сцени“ на кои не можеа да поверуваат и играчите на двата тима. Ариас експресно беше префрлен во клинички центар.

 

Колумбиецот неодамна од Атлетико Мадрид се пресели во Баер Леверкузен успевајќи да одигра само еден натпревар за новиот тим, а сега го очекува долга пауза.

Се вчитува...