Шокантни вести: Уште тројца фудбалери, меѓу кои и Обамејанг, со срцеви проблеми по прележан Ковид-19

Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг е уште еден во низата фудбалери кои се јавуваат со сериозни проблеми со срцето по прележан Ковид-19.

Фудбалскиот сојуз на Габон, пред денешниот натпревар со Гана во Купот на африканските нации, соопшти дека Обамејанг, заедно со Аксел Меје и Марио Ламина имаат срцеви проблеми поради што нема да играат на натпреварот за да не се ризикува.

И тројцата фудбалери изминатиот период прележаа коронавирус и непосредно пред Купот на африканските нации излегоа од изолација.

Од сојузот најавија дополнителни прегледи затоа што делува навистина неверојатно тројца фудбалери да имаат срцеви проблеми.

Денеска и Баерн Минхен објави дека нивниот фудбалер Алфонсо Дејвис има проблеми со срцето по прележан Ковид-19, па и тој извесен период ќе отсуствува од терените.

Се вчитува...