Шокантни вести во серија од Италија: Малдини и неговиот син позитивни на коронавирус

Шокатни вести во серија од Италија. Милан вечерва објави дека легендарниот Паоло Малдини е заразен од коронавирус, а позитивен на Ковид-19 е и неговиот син Даниел.

Милан објави дека Малдини имал контакт со заразена личност. Вчера бил подложен на тестови кои на крајот се покажаа позитивни. Ист е случајот и со неговиот син Даниел, младиот напаѓач на Милан. И двајцата во моментов се чувствуваат добро.

Милан исто така објави дека и двајцата изминативе две недели биле во самоизолација дома, и за тоа време немале никаков контакт со надворешниот свет.

Се вчитува...