Поранешниот светски првак во снукер, Грем Дот, се наоѓа во центарот на огромен скандал откако беше обелоденето дека против него е покрената истрага за педофилија.
Британските власти обелоденија дека против Дот се водат два одвоени процеси, а медиумите откриваат дека сомнежите се однесуваат на сексуално злоставување на десетгодишни момчиња и девојчиња.
Дот требаше да настапува на светското првенство што ќе стартува на 17 април, но тоа нема да се случи бидејќи веднаш по обелоденувањето на скандалот беше суспендиран од Светската снукер федерација.
„Донесена е одлука за суспензија на Грем Дот, кој чека да биде сослушан пред Вишиот Суд во Шкотска. Додека процесот е во тек, нема да даваме дополнителни коментари за случајот“, се вели во краткото соопштение на светската снукер-федерација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА