Шокантно: Фудбалер на ПСВ Ајндховен се бори со туберкулоза

Шокантни информации пристигнуваат од Холандија, каде ПСВ Ајндховен обелодени дека еден од фудбалери на овој тим се бори со туберкулоза. Иако од ПСВ не го открија идентитетот на болниот играч, медиумите обелоденија дека станува збор за шпанскиот напаѓач Лукас Перез, кој веќе е ставен во изолација.

Се работи за бактерија „Mycobacterium tuberculosis“ која најчесто удира на белите дробови, но може да предизвика и проблеми во работата на останатите витлни органи. Ако не се третира на вистински начин, болеста може да биде дури и смртоносна, ако се знае дека од туберкулоза годишно умираат по 2,9 милиони луѓет во светот.

„Нашиот медицински персонал ги презеде сите потребни мерки. Го изолиравме болниот фудбалер и ги известивме сите лица со кои бил во контакт во последните денови, бидејќи болеста е лесно пренослива. Засега нема знаци дека лицата кои биле во контакт со него се заразени“, порачаа од ПСВ Ајндховен.

Се вчитува...