Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд доби шокантно обвинение од англиската полиција за физички напад на маскотата на „граѓаните“ – „Месечев зрак“.
Халанд е обвинет дека ја оставил девојката која го носела костумот на маскотата на Манчестер сити со потрес на мозокот по шокантни „удари со камшик по задниот дел од главата“.
Во пријава до полицијата девојката тврди дека добила повеќе удари во глава од страна на Халанд пред победата на Сити од 1-0 над Саутемптон во октомври минатата година. А, физичкиот напад од Норвежанецот дошол откако таа се фотографирала со него во момент на движење. Сето тоа ја шокирало па поради неочекуваната ситуација со напад од зад грб во прв момент воопшто не знаела кој ја удрил се додека не ја прашала колешката.
Во интервју за „Сан“, таа тврди дека била поведена и истрага во клубот, но очекувано „големата ѕвезда била ослободена од вина од клубот, а нејзе не и бил обновен договорот“. Поради сето тоа таа се одлучила да поднесе пријава за напад во полиција.
„Бев прилично вознемирена и плачев, а главата ми трепереше и мислам дека бев во шок. Во прв момент не бев свесна за ништо, а подоцна сфатив дека се прикрал зад мене и ме удри по глава, а потоа се потпре на мојата глава“ – вели девојката.
Побарал заштита и од шефот за безбедност на клубот, но тој се насмеал и само и рекол:
„Барем можеш да кажеш дека Ерлинг Халанд те удрил!“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА