Шокантна вест пристигнува од Италија, откако Виртус Болоња на официјалната веб-страница ја потврди информацијата дека крилниот кошаркар Ахиле Полонара повторно боледува од тешка болест.
Италијанскиот репрезентативец пред неколку години го победи ракот на тестисите, успеа да се врати назад на терените, а сега Полнара го очекува нова тешка животна битка – откако му била дијагностицирана леукемија.
„Соопштуваме дека врз Ахиле Полонара во последните седмици беа извршени детални специјалисти прегледи откако му беше дијагностицирана миелоидна леукемија. Целото семејство на Виртус му посакува на нашиот Аки брзо опоравување“, се вели во соопштението на италијанскиот евролигаш.
Кошаркарот моментно се наоѓа во специјалистичка клиника, без посебни детали околу неговата здравствена состојба или стадиумот на болеста. Останува само надежта дека големиот Полонара ќе излезе како победник и од оваа животна битка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

