Шокантно кога е во прашање едно Европско првенство: Стадионот во Дортмунд прокиснува, навивачите не знаат каде да одат (ВИДЕО)

Неповолни временски услови пред дуелот меѓу Турција и Грузија кој стартува од 18 часот во 1. коло од Групата Ф на ЕВРО 2024.

Но, уште пошокантно е тоа што стадионот на Борусија Дортмунд, „Сигнал Идуна парк“ прокиснува во еден дел од покриената трибина, што ги изненади и навивачите на Грузија кои се во тој дел од трибината.

Па, како што пренесуваат и дел од грузијските медиуми, нивните навивачи не знаат каде да се преместат на стадионот во Дортмунд, на дебито на нивната репрезентација на европските првенства.

Се вчитува...