Луис Дијаз го навлече бесот на навивачите на Ливерпул, најпрвин откако Колумбиецот не се појави на погребот на Диого Жота во Португалија заедно со огромен број од стандардните првотимци на „црвените“, но уште повеќе откако се појави видео од тоа што правел крилниот офанзивец на Ливерпул на денот на погребот.
Имено, на социјалните мрежи се појави видео на кое Дијаз танцува и се забавува со своите пријатели во татковината, по што сосема оправдано следеа бурни реакции од страна на фудбалската јавност, пред се од приврзаниците на Ливерпул.
Шокот е уште поголем ако се знае дека Жота беше еден од играчите кои најмногу му помогнаа на Дијаз во неговите најтешки моменти, кога неговиот татко беше киднапиран во Колумбија.
„Асолутен недостиг на емпатија“, е еден од бројните коментари во кој се критикува однесувањето на фудбалерот на Ливерпул.
Total falta de empatía de Luis Díaz.
Mientras todo el equipo de Liverpool FC llora la partida de Diogo Jota, su compañero de equipo Lucho Díaz se divierte y anda de party como si nada hubiera pasado. pic.twitter.com/42jzAN1aAI
— TENDENCIAS (@tendeciasx) July 6, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

