ШОКАНТНО: Роналдо под сомнеж дека е вмешан во местење натпревари во С. Арабија!!?

Контроверзниот натпревар меѓу Ал-Ахли и Ал-Фејха, во кој домаќинот остана без два досудени пенали, и покрај ВАР интервенциите, го разбранува целиот фудбалски свет.

За да биде се подраматично, придонесуваат и најновите информации во кои се спомнува замешаност, покрај на главниот судија, и на една од најголемите светски ѕвезди во историјата, Кристијано Роналдо.

Според пишувањата на британските медиуми, и Роналдо, наводно, е поврзан со веќе подолг период „местени натпрвари“ во С. Арабија.

По контроверзниот натпревар, се огласи и офанзивецот Иван Тони кој тврди дека натпреварот бил наместен, и повика Судиската комисија да ја провери комуниикацијата меѓу главниот судија и ВАР-собата.

И британски „Дејли Мејл“ објави дека Роналдо е во центарот на обвиненијата за манипулација со натпреварите, а со цел титулата конечно да ја освои Ал-Наср.

Во моментов, Ал-Наср е лидер со 70 бода, два повеќе од Ал-Хилал и четири повеќе од Ал-Ахли.

Се вчитува...