Крајно тензичен крај на натпреварот меѓу Шкендија и Академија Пандев денеско во Тетово во 14. коло од Првата македонска фудбалска лига. Сето тоа благодарение на фудбалерот на Шкендија, Сабит Билали.
Очигледно нервозни домашните фудбалери поради неможноста да дојдат до победа против „пандевци“ на крајот со крајно неспортско однесување низ последните секунди од дуелот.
Сабит Билали најпрво сосема непотребно удри еден фудбалер на Академија Пандев, а потоа по реакција на негов соиграч крајно агресивно шутираше со нога фудбалер на гостите додека беше легнат на терен. Очекувано следеше жестока тензија на теренот, главниот судија му додели директен црвен картон на Билали, а потоа за кратко следеше и крај на натпреварот…
На натпреварот во Тетово, за време на паузата на полувремето исклучување поради приговор доби и тренерот на Академија Пандев, Александар Васоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

