Изборот на авион со еден пропелер за зимско патување од Франција кон Велика Британија предизвика бројни дилеми во јавноста, но денеска беше обелоденета и причината зошто Емилијано Сала го избрал токму ова летало.
Тој летал до Нант и назад „гратис“, на сугестија на својот соиграч Џек Мекеј. Имено, Мекеј е син на агентот Вили Мекеј, кој посредуваше во трансферот на Сала во Кардиф, па тој самиот му ја понудил кобната варијанта на Аргентинецот, за возврат барајќи само „да му помогне да постигнуваат голови заедно“.
„Скај Спорт“ денеска обелодени транскрипција од комуникацијата меѓу Џек Мекеј и Емануел Сала…
Мекеј: Татко ми ми кажа дека утре одиш дома. Тој може да ти организира авион што би те одвел директно во Нант и би те вратил назад в понеделник, во термин што ќе ти одговара, за да можеш да бидеш овде на тренинг во вторник.
Сала: Тоа е одлично! Токму сега проверував имам ли лето за Нант за утре.
Мекеј: Вели дека може да ти организира авион директно за Нант.
Сала: Колку би ме чинело тоа?
Мекеј: Ништо… вели дека е бесплатно ако ми помогнеш да постигнувам голови.
Сала: Хаха… со задоволство.
Мекеј: Заедно ќе постигнеме многу голови.
Сала: Би сакал да одам во Нант утре околу 11 часот наутро и да се вратам в понеделник навечер. Ако може до 21 часот да бидам во Кардиф.
Мекеј: Ќе ти се јавам штом се договорат….
Мекеј: Дали ти одговара да се вратиш окоу седум навечер в понеделник? Пилотот мора да стигне дома „на север“ откако ќе слета во Кардиф.
Сала: Да, околу 7.30 би било добро…
Во продолжение следат и разговори од следните два дена, со детални договори, за повратниот лет кој имаше трагичен епилог.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА