Шокантно: Жота бил на пат за Англија, Ливерпул му препорачал да не лета со авион!

Диого Жота трагично го загуби животот во автомобилска несреќа заедно со својот брат Андре Силва, а португалските медиуми обелоденија дека фудбалерот бил тргнат на пат кон Ливерпул пред да се случи големата трагедија.

Имено, напаѓачот сакал да стигне во Англија неколку дена пред првиот собир закажан за понеделник, а лекарскиот тим на Ливерпул му препорачал да не лета со авион – бидејќи Жота пред неколку седмици имал операција на белите дробови. Поради тоа, тој требало да фати брод од Сантандер во Плимут, а португалските медиуми тврдат дека брзото возење се должело на обидот да се стигне навреме во шпанскиот град.

Несреќата се случила десетина километри по португалско-шпанската граница, за жал со трагични последици…

„Операцијата на белите дробови била причината поради која од клубот го предупредиле Жота дека тој не смее да лета со авион извесен период. Затоа и беше тргнат кон шпанското пристаниште во Сантандер, требаше со брод да стигне во Велика Британија, а оттаму со автомобил да продолжи до Ливерпул“, објави португалскиот новинар Руи Лоура, вработен во CNN Portugal.

Се вчитува...