Шокантна исповед на легендарниот голгетер: „Јас сум еден од виновниците за смртта на Марадона“

Минаа три години откако светот го напушти Диего Армандо Марадона, еден од најдобрите фудбалери на стие времиња. Контроверзниот Аргентинец ја плати сметката на бурниот живот и бројните пороци.

Во текот на кариерата го следеа многу скандали, и поради тоа морал да го напушти Наполи. Се обидувале неговите некогашни соиграчи да го отргнат од лошите луѓе, но никој не успеал. Еден од нив кој се обидел да го убедува да не се дружи со одредени лица бил бугарскиот напаѓач Христо Стоичков кој призна дека е еден од виновниците за прераната смрт на Марадона.

„Јас сум еден од оние кои најмногу го критикуваа Диего. Го критикував што остана со некои луше кои секојдневно шетаа по одела и бели кошули. Секој ден биле на иста маса затоа што тој е Диего Марадона. Да не беше тој, тие „глувци“ никогаш немаше ниту да постојат. За мене тие го убија Марадона. Го ставија во таа позиција. Имав многу големи расправии со него, такви расправии не сте виделе. Јас сум еден од виновниците што не инсистирав до крај. Не ги слушаше неговите вистински пријатели“, рече Стоичков.

Се вчитува...