Шокатна изјава на Нејмар: Доволно е… Мундијалот во Катар ќе биде последен за мене

Бразилскиот ас Нејмар излезе со изненадувачка изјава велејќи дека Светското првенство во Катар ќе биде последното негово во дресот на Бразил.

Тој вели дека најверојатно ќе се одлучи за тоа бидејќи веќе му е доволно од фудбалот.

„Јас мислам дека тоа ќе биде последно Светско првенство за мене. Мислам дека ќе биде последно бидејќи не сум сигурен дека веќе имам сила психички да се борам со фудбалот“, изјави Нејмар. 

По завршувањето на Мундијалот во Катар, Нејмар ќе има само 30 години и се уште останува дилема дали ќе се повлече само од репрезентацијата или планира да стави крај на фудбалската кариера.

Се вчитува...