Шокатна вест од Аргентина – Марадона хоспитализиран во болница

Легендарниот Диего Армандо Марадона вечерва е хоспитализиран во болница во Ла Плата, пренесуваат аргентинските медиуми.

Според, првите информации не се работи за корона, туку легендарниот фудбалер не се чувствувал воопшто добро по што морал веднаш да биде пренесен во болница. За среќа неговата состојба е сега стабилна, но лекарите ќе ја следат ситуацијата со Дон Диего.

Ова не е првпат тој да биде хоспитализиран. Во минатото имаше многу здравствени проблеми, а се сомнева дека се уште ја нема победено зависноста од наркотици.

Се вчитува...