Кошаркарите на Анадолу Ефес приредија огромно изненадување во 28. коло од Евролигата славејќи убедливо со 100-70 против второпласираната ЦСКА Москва.
Уште со предноста од 31-13 по првата четвртина домашните јасно дадоа до знаење како ќе заврши натпреварот. Потоа се беше само рутина за конечна победа од 30 поени разлика.
Василије Мичиќ со 21 поен и осум асистенции беше најдобриот поединец кај Анадолу Ефес, а Шенгелија со 14 поени беше најдобриот кај ЦСКА Москва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА