Продолжението од сезоната во Првата македонска кошаркарска лига носи и нови имиња кај дел од елитните тимови. Новајлија во редовите на Тикеш официјално е Шо Андерсон.
Станува збор за 23-годишнен американски крилен играч кој во кавадаречкиот тим пристигнува од редовите на португалскиот прволигаш Квелуж каде на 11 натпревари забележал просек од 9.1 поен, 2.2 скокови и 1.4 асистенции.
За Андерсон ова е прва интернационална сезона откако претходно настапувал за колеџот Сиетл Пацифик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА