Шопингот продолжува: Арсенал плати 30 милиони фунти за резервен голман

Микел Артета продолжува со трошењето на сериозни суми на пари за да го одведе Арсенал еден чекор понапред од лани – на врвот на англиската Премиер-лига.

Откако потроши рекордна сума за Деклан Рајс, а ги ангажираше и Каи Хаверц од Челси и Џастин Тимбер од Ајакс, лондонскиот премиерлигаш денеска го договори и трансферот на Давид Раја, шпанскиот голман што бранеше одлично во дресот на Брентфорд. Арсенал го има Арон Рамсдејл како прва опција на голманската позиција, но Артета инсистираше на врвен чувар на мрежата и за улогата на прва резерва, при шти изборот падна врз Раја.

Клубовите подолго време преговараа, за конечно да биде постигнат целосен договор, Раја за вкупна сума од 30 милиони фунти да се пресели на „Емирати“. Шпанецот, за чии услуги интерес покажуваше и Баерн Минхен, од претходно ги имаше договорено личните услови со „топчиите“, па се очекува по утрешните лекарски прегледи и официјално да го потпише договорот со важност до јуни 2028 година.

Се вчитува...