Панатинаикос го доби првиот натпревар од Евролигата сезонава, откако на домашен терен во Атина го совлада составот на Баерн Минхен со 87-79.
Дуелот го одбележа дебито на Ти-Џеј Шортс за „зелено-белите“ во најелитното европско клупско натпреварување, но ќе има меч за заборав, со оглед дека за нешто повеќе од 10 минути минати на теренот, не постигна ниту еден поен за својот нов тим.
Затоа Нан имаше „симултанка“ и беше далеку најефикасен за Панатинаикос со 21 постигнат поен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

