Шортс е генијалец, погледнете како го „извади од патики“ Шенгелија (видео)

Ти-Џеј Шортс одигра уште еден извонреден натпревар во дресот на Париз, предводејќи го својот тим до голем пресврт и победа на гостувањето против Виртус Болоња.

Македонскиот репрезентативец го заврши мечот со 16 поени, но клучниот потег му беше асистенцијата на триесетина секунди до крајот кога Шортс најпрвин го „извади од патики“ Токо Шенгелија, а потоа мајсторски го пронајде својот соиграч во рекетот, кој стави печат на победата.

Уживајте во оваа мајсторија на Ти-Џеј Шортс…

Се вчитува...