Париз ја забележа и третата победа во низа во Евролигата откако францускиот тим по голема борба славеше над Басконија со 67-65. Тримфот е уште позначаен ако се земе во предвид катастрофалното издание на Ти-Џеј Шортс, македонскиот репрезентативец го одигра убедливо најслабиот меч сезонава во Евролигата, но и без неговиот вообичаен придонес Париз благодарение на добрата одбрана стигна до победата.
Париз беше подобар тим во големи делови од мечот, домаќините конечно се одлепија пред крајот на третата четвртина и во последните десет минути влегоа со водство од 57-48. Басконија не се предаде, се влезе во неизвесен финиш, Шортс два пати презеде одговорност во последната минути и два пати промаши, но гостите немаа доволно време за целосен камбек и на крајот го загубија мечот со 67-65.
Македонскиот репрезентативен плејмејкер имаше катастрофални бројки, девет поени со шут 4/18 за два поени и 0/3 за тројка, со пет асистенции и две загубени топки. Она што е интересно, ниту еден играч на Париз немаше двоцифрен број на поени (покрај Шортс, по девет имаа и Хифи и Ворд), а убедливо најдобар поединец на натпреварот беше Чима Монеке со 19 поени и 12 скокови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА