Ти-Џеј Шортс беше во главна улога во големата победа на Париз над европскиот првак Панатинаикос (84-80), славејќи со за историска прва победа на францускиот тим во елитното европско натпреварување. Мечот почна со дефилирање на трофеите во Еврокупот и во Евролигата на шампионите од овие натпреварувања во ланската сезона, а потоа на теренот неочекувано доминираше францускиот тим. Шортс одигра одлично, реализирајќи и разигрувајќи ги соиграчите, додека во таборот на ПАО немаше премногу расположени играчи, европските прваци промашија бројни зицери, па поразот беше неизбежен.
Шортс беше одличен со 16 поени, 7 скокови и две украдени топки, најефикасен кај Париз со 20 поени беше Хифи, додека Лесор имаше дабл-дабл од 19 поени и 11 скокови за ПАО, недоволно за европскиот првак да го избегне првиот пораз во Евролигата сезонава.
Резултатската криза на Реал Мадрид се продлабочи откако „кралевите“ вечерва загубија на гостувањето против Басконија со резултат 76-72. „Кралевите“ се мачеа во нападот без суспендираниот Кампацо, а Басконија знаеше да го искористи неиграњето на аргентинскиот плејмејкер кај противникот за да стигне до голема победа, благодарение на одличната последна четвртина што домаќините ја добија со 28-20. Хауард со 15 и Монеке со 14 поени беа во главна улога кај Басконија, додека на „кралевите“ не им помогне ниту одличното издание на Тавареш, кој имаше 14 поени, 15 скокови и три блокади.
Макаби по голема битка го совлада тимот на Ефес со минимални 92-90. Хауард ги постигна победничките поени на четири секунди до крајот, а Сејбен Ли имаше извонредно евролигашко деби за израелскиот гигант, реализирајќи 23 поени и пет асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА