Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ти Џеј Шортс и неговиот Париз немаа сила да го изненадат лидерот на табелата Олимпијакос откако на домашен терен загубија со 73-90 во натпревар од 25. коло.
Гостите уште од самиот старт тргнаа фуриозно па по десет минути игра имаа предност од 15-30. До крајот го контролираа резултатот за конечни 73-90. Шортс натпреварот го заврши со 15 поени, додека најефикасен во таборот на Париз беше Хифи со 19 поени. Кај победникот Везенков заврши со 23 поени.
Партизан славеше на гостувањето кај Болоња со 71-81, додека во преостанатите два меча од денешната програмата Барселона го совлада Макаби со 100-71, додека Монако беше подобар од Басконија со 92-85.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

