Шортс, Миротиќ, Шенгелија… комплетираните трансфери за новата евролигашка сезона

Евролигата штотуку заврши со спектакуларниот фајналфор турнир во Дубаи, а клубовите веќе наголемо работат на формирање на ростерот за наредната натпреварувачка сезона, во која речиси сите екипи ќе влезат со уште поголеми амбиции.

Актуелниот првак Фенербахче преговара со неколку врвни кошаркари, а досега има целосно договорено само еден трансфер, со финскиот центар Јантунен од редовите на Париз.

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс веќе го потпиша договорот со Панатинаикос и ќе биде сериозен адут на тренрот Атаман почнувајќи од следната сезона. Покрај него, ПАО го договори и грчкиот кошаркар Василис Толиопулос, кој на 35-годишна возраст си замина од Арис и потпиша договор со „зелените“ од Атина.

Монако тргна моќно во обид за креирање на уште посилен тим со кој по овогодинешното финале, „кнезовите“ догодина би стигнале и до трофејот. Никола Миротиќ од Олимпја Милано е „трансфер-бомбата“ на Монако з аовој преоден рок, а заедно со него ќе пристигне и Надир Хифи, талентираниот поентер кој имаше одлична дебитантска евролигашка сезона со Париз.

Барселона доби на квалитет и на искуство со ангажманот на грузискиот крилен центар Микаел Јантунен, додека Реал Мадрид досега го заврши само трансферот на Крамер, а во завршна фаза е и потписот на Тео Маледон од Асвел.

Хапоел Тел Авив е поврзуван со бројни ѕвезди на европската кошарка, но израелскиот тим кој во новата сезона ќе дебитира во Евролигата досега комплетираше само два трансфера, на Американците Греј од АЕК и Тајсон Картер од Уникаха Малага.

Се вчитува...