Шортс на местото на Димитријевиќ во Милано?

Ти-Џеј Шортс е најпријатно изненадување сезонава во Евролигата, па неслучајно македонскиот репрезентативец се наоѓа високо на листата со желби на речиси сите врвни евролигашки клубови.

Фенербахче и Монако веќе подготвуваат понуди за да го ангажираат плејмејкерот на Париз во текот на летово, а во трката по Шортс се вклучи и италијанскиот првак Олимпија Милано. Тренерот Еторе Месина сезонава не му даде шанса каква што заслужува на Ненад Димитријевиќ, најдобриот македонски кошаркар е на излезна врата од Милано, а планот на Месина е на негово место да пристигне токму Шортс.

Експлозивниот плејмејкер има сезона за паметење во дресот на Париз, во просек бележи по 19,7 поени и 7,5 асистенции по натпревар, па јасно е зошто Шортс е на листата на главни кандидати за МВП-признанието.

Покрај Милано, Монако и Фенербахче, како опција се споменува и Барселона, особено доколку каталонците за тренер летово го доведат актуелниот кормилар на Париз, Тијаго Сплитер.

Се вчитува...