Шортс не можеше сам против Фенербахче

Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс не можеше сам да му се спротистави на Фенербахче во поразот на неговиот Париз од 83-87 во заостанатиот натпревар од 17. коло во кошаркарската Евролига.

Домаќините одлично го отворија натпреварот и по првите десет минути имаа двоцифрена предност (26-16). Гостинскиот тим успеа да анулира само два поени од негативата во вториот период и на пауза да замине со негатива од (45-37).

Избраниците на Шарунас Јасикевичиус одиграа неверојатно во третиот период кој го добија со единаесет поени разлика и пред последните десет минути влегоа со позитива од (60-63). Во последниот период видовме голема борба на двете страни во која подобро се снајдоа гостите кои на крајот стигнаа до победа од 83-87.

Ти Џеј Шортс беше најдобар поединец во таборот на парижани завршувајќи го мечот со 22 поени. Кај победникот Гудуриќ заврши со 16 поени.

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...