Шортс одби 2,5 милиони евра понуда од Барселона!

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс, еден од најдобрите кошаркари во Европа, одби понуда вредна 2,5 милиони евра од Барселона, пренесуваат дел од европските медиуми.

Шортс оваа сезона блеска во Евролигата, регуларниот дел од сезоната во Евролигата завршувајќи со 18,8 поени и 7,5 асистенции во просек, а во моментов со Париз се бори за пласман на Фајнлфор турнирот во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Американецот со македонски пасош ова лето го завршува договорот со Париз, па од таму и понудите од најголемите европски клубови за неговите услуги. Сепак, Шортс не бил задоволен со висината на финансиската понуда од Барселона, поради што и ја одбил.

Шортс одлучил дека најпрво ќе чека да заврши актуелната сезона, па потоа ќе донесе одлука каде ќе ја продолжи својата кариера.

Се вчитува...