Шортс пред дебито: Сакам да победувам секогаш, секако и со Македонија

Македонските кошаркари отпатуваа за Гевгелија, каде што ќе ги играат двата наредни натпревари од претквалификациите против селекциите на Норвешка и на Данска.

Овие два меча ќе бидат и премиерни за Американецот Ти-Џеј Шортс во дресот на македонската репрезентација, откако одличниот поентер на Телеком Бон конечно ги доби неопходните документи за да почне со настапи за нашиот национален тим.

„Ова ми е прв собир со репрезентацијата, сигурно ќе ми треба време да се запознаам со соиграчите, со тренерите. Среќен сум што сум тука, голема благодарност од луѓето од федерација за оваа шанса. Очекувањата се едноставни – да победуваме. Тоа сакам секогаш да го правам, како за клубовите за кои сум играл, така и сега за Македонија.  Пред нас се два важни натпревари против Норвешка и Данска, сакам да му помогнам да тимот, да направам се што ќе се бара од мене, малку во напад, во одбрана, во организација, се што би придонело да оствариме успех. Не знам многу за Македонија, се уште учам за вашата земја, културата…имам слушнато добри работи. Допрва ќе ги запознаам момците, се радувам на тоа“, изјави Ти Џеј-Шортс.

Се вчитува...