Црвена Звезда ја продолжи серијата импресивни изданија во Евролигата откако шампионот на АБА вечерва лесно славеше над Париз со убедливи 85-67, продлабочувајќи ја кризата на францускиот тим кој до минатиот месец важеше за најпријатно евролигашко изненадување.
Мкедонскиот репрезентативец беше во главна улога во првата четвртина, постигнувајќи девет поени во првите три минути од мечот и предводејќи го Париз во фуриозен ритам до предност од 25-15 во почетниот период од мечот. Сепак, тоа беше се од францускиот тим до крајот на мечот, одбраната на „црвено-црните“ заигра на повисоко ниво и целосно ги неутрализираше Шортс и соиграчите, па во преостанатите 30 минути од натпреварот Париз постигна само уште 42 поени за три четвртини.
Кенан ги предводеше стрелците на Црвена Звезда со 15 поени, по 14 постигнаа Недовиќ и Милер Мекинтаер, Ти-Џеј Шортс го заврши мечот со 17 поени, но и слаб шут од 7/17 и четири асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА