Шортс успеа да го надмудри 221 центиметар високиот џин (ВИДЕО)

Несекојдневна ситуација е забележана во петокот вечерта на натпреварот од 19. коло во Евролигата меѓу Париз и Барселона.

Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс успеа да го надмудри центарот на Барса Јусуф Фал кој е висок 221 центиметар. Сепак, разликата од речиси половина метар во висина и којзнае колку во распонот на рацете не беше пресудна во оваа ситуација откако Париз ја освои топката.

Шортс на чиста кошаркарска интелигенција успеа да го надмудри својот противник. Бидејќи е неопходно да се освои „втората топка“ во оваа ситуација, тој веднаш го повлече играчот од средниот ред во празен дел од теренот и им порача на соиграчите да го удвојат Џастин Андерсон, кому Фол ја испрати топката.

Така Микел Јантунен успеа да дојде до топката и да ја додаде директно во рацете на Шортс, кој беше голем победник во оваа ситуација.

Се вчитува...