Шошкиќ го менува тимот – сака чекор напред и нов предизвик

Андреј Шошкиќ ги надмина очекувањата во својата дебитантска сезона во САД, каде македонскиот плејмејкер со огромен успех ги бранеше боите на универзитетот Стоуни Брукс.

Сепак, одличните настапи што ги имаше за оваа екипа придонесоа Андреј да се најде меѓу желбите на универзитети со далеку пореномирани кошаркарски програми, поради што Шошкиќ реши да ги промени клупските бои, одлука што ја обелодени на својот инстаграм профил.

„Благодарен за времето минато во Стоуни брук на сите што беа дел од ова мое „патување“, тренери, соиграчите, персонал, како и на целокупната заедница што ми даваше поддршка. По внимателно размислување, решив да влезам во „трансфер порталот“ и да разгледам нови опции за следното поглавје во мојата кариера. Возбуден сум за она што е пред мене“, објави Андреј Шошкиќ.

Се вчитува...