Шошкиќ го предводеше својот Универзитет до победа над Централ Мичиген

Еден од најталентираните македонски кошаркари Андреј Шошкиќ продолжува со одличните партии во НЦАА лигата. Вечерва тој со својот Стони Брукс колеџ славеше над Централ Мичиген со 55-78.

Нашиот кошаркар уште од самиот старт презеде се во свои раце и го водеше својот тим кон убедлива победа против големиот ривал.

Шошкиќ на крајот натпреварот го заврши како најефикасен во својот табор со 21 поен, надополнет со шест скока и една асистенција.

Се вчитува...