Шошкиќ повторно одличен, но не успеа сам да му донесе нова победа на Стони Брук (ВИДЕО)

Андреј Шошкиќ продолжува со одличните настапи во НЦАА лигата. Македонскиот репрезентативец ја продолжи серијата од двоцифрен број постигнати поени, но неговиот клуб Стони Брук доживеа минимален пораз од 75-76 на гостувањето кај Монмут.

Шошкиќ овој пат броеше до 18 поени кои сите ги постигна во второто полувреме, одржувајќи го својот клуб во игра до последните секунди.

Покрај двоцифрениот број на поени додаде и седум скокови.

Се вчитува...