Андреј Шошкиќ на најдобар можен начин покажува дека е нов македонски кошаркарски бисер откако одличниот плејмејкер имаше уште еден блесок во НЦАА-лигата.
Неговиот тим Стоуни брукс славеше на мечот со Елон Феникс со 72-68, триумф за кој најзаслужен беше токму Шошкиќ, кој со 17 поени беше најдобар стрелец на својот тим. Зад името на Македонецот останаа запишани и 8 скока, четири асистенции и две украдени топки, со што тој е најзаслужен за петтата победа во низа на Стоуни брукс, прв ваков успех на оваа универзитетска екипа во историјата.
Шошкиќ минатото лето го напушти Работнички и се пресели во САД како јасен чекор напред во неговата кариера, одлука што од сегашна перспектива е полн погодок.
Making it look easy ✌️
💻https://t.co/FSwIAd8smG (FloCollege)
🌊🐺 x #CAAHoops pic.twitter.com/7OsKSXCDQL
— Stony Brook Men’s Basketball (@StonyBrookMBB) January 31, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

