Македонскиот репрезентативец Андреј Шошкиќ блесна со личен рекорд во НЦАА, постигнувајќи 35 поени во последниот натпревар на Стони Брук оваа сезона. Во поразот на гостувањето кај Кембел (89-96) во првото коло од плејофот на конференцијата CAA, Шошкиќ одигра 37 минути и погоди пет тројки од осум обиди, додавајќи и четири украдени топки.
Тој беше убедливо најефикасен играч на теренот. Само еден ден претходно, Шошкиќ беше избран во идеалната дебитантска петорка на конференцијата, а неговиот учинок во овој меч потврди дека признанието е целосно заслужено. Стони Брук ја заврши сезоната со скор од 17-15
Ова беше крај на сезоната за Стони Брук, но Шошкиќ со овој настап остави силен впечаток во својата дебитантска кампања во американскиот колеџ-кошаркарство.
Pratt ➡️ Shoshkikj for 3
💻https://t.co/FSwIAd8smG (FloCollege)
🌊🐺 x #CAAHoops pic.twitter.com/LZt6t4UyTE
— Stony Brook Men’s Basketball (@StonyBrookMBB) March 7, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

