Шошкиќ со признание после импресивната недела во НЦАА лигата

По импресивната недела, македонскиот кошаркар Андреј Шошкиќ ја освои наградата „дебитант на неделата“ во НЦАА лигата.

Тој ја имаше својата најдобра недела досега на ниво на НЦАА со вкупно 31 поен (15,5 поени по натпревар), 10 шутеви од поле, шест тројки, осум асистенции и девет скока. Тој го предводеше тимот со 20 поени против Хофстра откако шутираше 7 од 12 од поле, 3 од 6 од линијата за тројка, и 3 од 3 од линијата за слободни фрлања.

Потоа, тој имаше уште еден двоцифрен број на поени со 11 против Чарлстон, како и пет асистенции и две блокади. Ова е прво неделно признание за Шошкиќ во НЦАА лигата

Се вчитува...