Шоу на „Бернабеу“: Анчелоти е фудбалски велемајстор и на 63 години (видео)

Можеби Бензема и Асенсио ги постигнаа головите за победа на Реал над Челси, но потегот на првиот четвртфинален меч од ЛШ го имаше Карло Анчелоти.

Топката излезе во аут и одеше кон Италијанецот, кога 63-годишниот стратег покажа дека се уште е фудбалски велемајстор, извонредно жонглирајќи пред да ја додаде на еден од фудбалерите крај аут-линијата.

Анчелоти имаше блекава играчка кариера, со две титули европски шампион со Милан, пред да заплива успешно и во тренерските води, каде заслужено се вбројува меѓу најдобрите тренери на денешницата.

Се вчитува...