Шоу на Димитријевиќ за 12 минути против Андора

Ненад Димитријевиќ продолжува да напредува и на сениорско ниво, па младиот македонски кошаркар се наметнува се посериозно во првиот тим на Хувентуд. Младинскиот репрезентативец долги години беше меѓу најдобрите во младинските екипи на клубот од Бадалона, а во последните неколку месеци прикажува се подобри игри и во рамките од Ендеса лигата.

Македонскиот плејмејкер попладнево одигра одличен натпревар против Андора, со што беше меѓу најзаслужните за убедливата победа на Хувентуд од 74-59. Тој на теренот мина само 12 минути, но за овој краток период успеа да реализира девет поени (1/1 за тројка, 3/5 за два пени), а покрај тоа забележа и шест скокови и пет асистенции. Севкупно, Димитријевиќ стигна до 18 индексни поени, најмногу во екипата на Хувентуд.

Македонија дефинитивно добива нов врвен кошаркар пред кого е светла иднина и кој во најскоро време треба да го гледаме и во сениорскиот национален тим.

Се вчитува...