Шоу на Дончиќ, Словенија ја прегази Хрватска

Словенија ја декласираше Хрватска со 97-69 во натпревар одигран во Љубљана, и направи голем чекор кон следната фаза квалификации за Мундобаскетот идната година. Словенците тргнаа многу силно, парвата четвртина ја добија со неверојатни 33-8, па после првиот период беше познат победникот.

Лука Дончиќ имаше свое шоу на мечот откако постигна 21 поен, 10 асистенции и осум скокови. Следуваше Горан Драгиќ со 19 поени.

Кај Хрватска Хезоња постигна 22 поени, но недоволно да направат нешто повеќе, а Словенците покажаа зошто се актуелни европски прваци.

Се вчитува...