Лука Дончиќ и Далас Маверикс ја продолжија агонијата на Лос Анџелес Лејкерс сезонава во НБА лигата, откако синоќа славеа во „крипто-ком“ арената со 104-109.
Словенецот повторно беше најдобар поединец во таборот на Маверикс со 25 поени, надополнети со осум скока и пет асистенции. Кај Лејкерс недоволни беа 26 поени кои ги запиша Леброн Џејмс.
Минесота изненадувачки стигна до убедлива победа на домашен терен против Голден Стејт Вориорс од 129-114. Карл Ентони Таунс ги уништи Вориорс уфрлајќи им 39 поени. Кај поразените недоволни беа 34 поени на Стеф Кари.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Вашингтон – Детроит 116-113, Бостон – Атланта 107-98, Торонто – Бруклин 109-108 и Хјустон – ЛА Клиперс 100-113.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

